Медиумите и технологијата во фокус на вториот ден од Самитот „Македонија 2025“
02.11.2017 11:42
Ќе стане збор и за тоа како Македонија би можела да стане центар за паметни индустрии во регионот и пошироко...

Можностите и предизвиците на медиумската и телекомуникациската индустрија, развојот и улогата на социјалните мрежи и платформи, обновливите извори на енергија и технологиите на иднината се дел од темите за кои ќе се дебатира на вториот ден од шестиот самит „Македонија 2025“.
Ќе стане збор и за тоа како Македонија би можела да стане центар за паметни индустрии во регионот и пошироко. Вчера се дискутираше за улогата на отворената економија и значењето на задржувањето на талентираните млади лица во земјите од регионот.
