САД

Колорадо: Жртви во напад во трговски центар

02.11.2017 11:44

Полицијата не успеала да стигне навреме да го спречи нападот и да го пронајде извршителот. Непознати се и мотивите за вооружениот инцидент. Додека се прегледуваат снимките од безбедносните камери, нема осомничени.

Три лица загинаа во пукотниците во трговски центар во градот Тортон, Колорадо. Полицијата не успеала да стигне навреме да го спречи нападот и да го пронајде извршителот. Непознати се и мотивите за вооружениот инцидент. Додека се прегледуваат снимките од безбедносните камери, нема осомничени.

„Една девојка мислеше дека пукнале балони. Но кога се свртев забележав маса народ, некои се фрлија на подот, беа доста исплашени. Сфативме дека се пукотници. Сите се разбегаа. Јас стигнав до автомобилот, си ги ставив намирниците внатре и успеав да се оддалечам од местото“, изјави Гвадалупе Перез.

Во САД годишно животот го губат најмалку 12 илјади луѓе во нападите со огнено оружје.