Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница во Струмица на 23-ти ноември

02.11.2017 11:47

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји...

Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23-ти ноември во Струмица, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес- службата на бугарската Влада.