Од 1-ви јануари се зголемува акцизата на нафтата за три денари
Причина за зголемување на акцизата се ЕУ- препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Според министерот за финансии, и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе биде пониска во однос на регионот.

Со зголемување на акцизата и ДДВ-то, цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари- соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018-та година.
Причина за зголемување на акцизата се ЕУ- препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Според министерот за финансии, и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе биде пониска во однос на регионот.
Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Буџетот за 2018-та година кој денеска го претставуваат во Министерството за финансии ќе изнесува 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и со тоа ќе има дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.
