Расте бројот на заболени од грип

02.11.2017 12:14

Споредено со бројот на регистрирани случаи во истиот период минатата сезона, се бележи зголемување од 46,5 отсто.

Изминатата седмица се регистрирани 63 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување за 40 проценти во однос на неделата пред неа, соопштува Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Споредено со бројот на регистрирани случаи во истиот период минатата сезона, се бележи зголемување од 46,5 отсто.

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени, 36, се регистрирани во Гостивар. Најголем број заболените во текот на оваа недела се на вораст од 15 до 64 години.

Во сезоната 2017/ 2018 вкупниот број заболени од грип изнесува 123, што е за 28,1 отсто помалку, споредено со истиот период минатата година кога било регистрирано 171 заболено лице.

Заклучно со минатата недела, 25.171 лице се вакцинирани против грип на територијата на Република Македонија, а се потрошени 89,9 отсто од вкупниот број набавени вакцини.