Случај „Тврдина 2“: На Грујевски ќе му се суди во отсуство
Одбраната веднаш побара да нема судски процес сѐ додека не заврши екстрадицијата на обвинетите од Грција. СЈО побара да им се суди во отсуство, што судот по дадената пауза го прифати.

Во Основниот суд- Скопје 1 продолжи судскиот процес „Тврдина 2“ во кој се обвинети Горан Грујевски и шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Специјалнот јавно обвинителство ги сомничи за уништувањ е службена документација, поврзана со незаконско прислушување.
Одбраната веднаш побара да нема судски процес сѐ додека не заврши екстрадицијата на обвинетите од Грција. СЈО побара да им се суди во отсуство, што судот по дадената пауза го прифати.
Во тек е доказната постапка на класифицирани документи, при што е исклучена јавноста.
Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција каде заедно со неговиот поранешен колега од УБК, Никола Бошковски беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши. Во овој случај Никола Бошковски треба да биде сведок.
