НБРМ: Растот на БДП годинава ќе биде 0,5 проценти
Според проекциите на НБРМ се очекува стабилен домашен амбиент и потенцијал за солиден економски пораст, стабилни цени и солиден депозитен и кредитен пораст за идната година.

Народна банка очекува за годинава економскиот раст од 0,5 проценти, што е надолна проекција споредено со таа од април, кога прогнозираше раст од 2,5 проценти.
Според проекциите на НБРМ се очекува стабилен домашен амбиент и потенцијал за солиден економски пораст, стабилни цени и солиден депозитен и кредитен пораст за идната година.
НБРМ останува на проекцијата од околу два проценти инфлација, зголемување на довербата кај домашните субјекти, и зголемување на личната потрошувачка. Централната банка не очекува директни ефекти од зголемувањето на акцизата на нафтата.
Според последните проекции што денеска ги објави НБРМ, за следната година останува растот на економијата од 3,2 и 3,5 проценти за 2019-та година.
