„Билд“: Властите не знаат каде се наоѓаат 30.000 мигранти
Изданието наведува дека до декември 2016 година, 54.400 луѓе биле одбиени за азил, но 23.600 продолжиле да примаат различни парични надоместоци од државата во очекување на депортација.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека германските власти не знаат каде се наоѓаат околу 30.000 странци со одбиен азил на територијата на Германија и пропишана депортација.
Изданието наведува дека до декември 2016 година, 54.400 луѓе биле одбиени за азил, но 23.600 продолжиле да примаат различни парични надоместоци од државата во очекување на депортација.
Германското министерство за внатрешни работи вели дека има неколку објаснувања- или некои мигранти продолжуваат да се кријат на територијата на Германија, или миграциската служба што ја извршила депортацијата сѐ уште не ги пренела податоците во Централниот регистар.
