Пресуда

Случај „Дива населба“: Седум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни

02.11.2017 14:32

Седум обвинети добија доживотни казни затвор, а 13-мина по 40 години. На останатите им беа изречени помали казни, додека четворица се ослободени од обвиненијата. Обвинетите во судницата почнаа да ја пеат албанската химна и да извикуваат УЧК, по што судијата ги отстрани од судницата.

Скопскиот Кривичен суд  ја соопшти пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015-та година, кога загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, а 40-ина беа тешко повредени.

Седум обвинети добија доживотни казни затвор, а 13-мина по 40 години. На останатите им беа изречени помали казни, додека четворица се ослободени од обвиненијата.

Обвинетите во судницата почнаа да ја пеат албанската химна и да извикуваат УЧК, по што судијата ги отстрани од судницата.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9-ти и на 10-ти мај 2015-та година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.