Одбиени приговорите на движењето БЕСА

02.11.2017 14:45

Во Државната изборна комисија се разгледуваат 103-те приговори што за текот на вториот круг од локалните избори ги поднесоа три партии. На предлог на БЕСА, нивните 84 приговори за гласањето во Чаир се разгледуваат како еден. ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлуки по поднесените приговори...

Движењето БЕСА се сомнева дека сите неважечки гласови во општината Чаир се гласови за нивниот кандидат, но како што објаснија од партијата пред членовите на ДИК, при пребројувањето на гласовите тие се сметани за неважечки.

По барање на Елмира Асани, ДИК изврши увид во записниците. Субхи Јакупи и Виолета Дума со став дека 83- те приговори на БЕСА, се правно неиздржани без докази.

Од приговорите, дебатата меѓу членовите на ДИК се префрли и за извештајот на ОБСЕ/ОДИХР во 2016-та година. Сашо Срцев прочита дел од извештајот- како Комисијата постапувала по приговорите.

ДИК има рок од 48 часа до кога треба да постапи по приговорите на партиите.

 

Викторија Милевска