Самит „Македонија 2025“: Најавени нови инвестиции

02.11.2017 15:39

Над 400 гости, бизнисмени од земјава и од странство се собраа во Скопје. Втор ден самит „Македонија 2025“. Дијаспората најави нови инвестиции. Домашниот пазар го скенираат и глобални компании...

Македонија може да стане центар за паметни индустрии. Земјава има квалитетен кадар и соодветна инфраструктура- оценија говорниците на вториот ден од Самитот „Македонија 2025“. Успешните Македонци во светот ги споделија последните трендови во бизнисот, лидерството и иновациите.

Светски познати компании од регионот сакаат да соработуваат со универзитетите и со фирмите од земјава. Велат- Македонија им одговара на потребите.

Во Македонија досега има 100-ина инвестиции од дијаспората. Самитот станува препознатлив регионален бренд- велат организаторите.

Околу 50 говорници од 25 земји се дел од шестиот Самит „Македонија 2025“. Пред македонските бизнисмени ги презентираа најдобрите светски практики за технологиите на иднината, социјалните медиуми, поттикнувањето на претприемништвото.  

 

Сунчица Николоска