Етикетите на прехранбените производи се соодветни
Агенцијата за храна и ветеринарство ги соопшти резултатите од истражувањето во кое беа опфатени 120 примероци на прехранбени производи по случаен избор од големите маркети. Најголем дел од етикетите на прехранбените производи во земјава ги имаат основните информации за содржината и квалитетот, велат од Агенцијата...

Најголем дел од етикетите на прехранбените производи во земјава ги имаат основните информации за содржината и квалитетот- покажува истражувањето што го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство.
Отстапување има во однос на немањето декларации за нутритивни табели за хранливите вредности на македонски јазик, како и во делот на податоците што може да ги доведат потрошувачите во заблуда.
Во Истражувањето на агенцијата за храна и ветеринарство беа опфатени 120 примероци на прехранбени производи по случаен избор од големите маркети. Поделени во шест групи, житарки, преработки на овошје и зеленчук, месо, месни производи и риба, млеко и млечни прозводи, напивки, масло, сол и зачини.
Андријана Атанасовска
