Буџетот в година ќе се полни од повисоката акциза кај нафтата
Од нова година ќе има повисока акциза за дизелот, мазутот и за екстра лесното масло за домаќинство. Дизелот поскапува за 3,5 денари, соопшти министерот за финансии Тевдовски на јавна дебата за предлог- буџетот за в година. Не очекува инфлаторен притисок. Државната каса ќе тежи 3 милијарди и 440 милиони евра, се планира економски раст од 3,2 проценти.

Од први јануари акцизата за нафтата ќе биде повисока за три проценти, цената на дизелот ќе поскапи за 3,5 денари. Зголемувањето е проектирано во Предлог- буџетот за 2018-та.
„Дали имате конкретни пресметки и анализи за потенцијални инфлаторни притисоци од ваквиот раст на акцизата?“, праша економскиот експерт, Благица Ристевска.
Министерто за финансии тврди, целта е да се намали употребата и загадувањето од овие горива, нема да има никакво инфлаторно придвижување, јавноста може да биде мирна.
„Не очекуваме дека ова ќе доведе до инфлаторен притисок бидејќи нафатата е еден дел од енергенсите, заедно со струјата кои во цените учествуваат со 10 проценти, а ова што ние го предлагаме се однесува само на дел на нафтата, а не на бензинот и на струјата. Секако тоа е едно мало делче кое е предвидено во нашата проекција за инфлација од 1,7 отсто“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Со зголемување на акцизата, буџетот ќе инкасира 1,6 милијради денари повеќе, од ДДВ од нивната продажба 350 милиони, средства што според Тевдовски ќе се користат за инвестиции во патишта.
В година, буџетската каса ќе тежи 211,7 милијради денари односно 3,44 милијарди евра. Приходите се димензионирани на 193,5, расходите на 211,7 милијарди за 4,1 насто повисоки, дефицитот со 0,2 проценти понизок од годинава. Растот на БДП е проектиран на 3,2 насто.
За 460 милиони денари потешко е купчето пари за плати. Синдикатите прашаа, ќе бидат ли повисоки во притватниот сектор?
„Кои мерки се планиранаи да се стимулираа платите во приватниот сектор?“- праша Пеце Ристевски од СИЕР.
„Зошто во буџетот не е планирано популарното К-15 за јавниот сектор?“- праша Марјан Ристевски од Независниот синдикат.
Покачувањето на минималната плата и економскиот раст ќе придонесат етапно да се зголемат платите во сите сектори- одговара Тевдовски, но следната година прво ќе се офајдат со 10 насто припадниците на Армијата, пари има и за вработувања во градинките.
„Се преземаат мерки за зголемувањето на општото ниво на платите со покачување на минималната плата, а следната година ќе има покачување на платите во темелите на општеството, односно во образованието и во здравството. Обезбедени се средства со кои платите во јавносто здравство ќе се зголемат за 5 проценти. Докторите и медицинските сестри ќе имаат зголемени плати, а се најавува исто толку да се зголемат платите во основните и средните училишта и во градинките“- посочува Тевдовски.
Од први јануари стапката на социјални продонеси нема да се менува, но оние со повиски плати ќе плаќаат и поголеми издадоци.
„Ќе се подигне максималната основица за плаќање придонеси од 12 на 16 просечни плати. Тие со повисоки плати ќе плакаат поголеми придонеси за да се воведе поголема прогресивност “, посочува министерот за финансии Тевдовски.
Најавеното прогресивно оданочување ќе почне од јануари 2019-та. Бизнис заедницата бара да учествува во креирање на законските решенија.
Повратот на ДДВ кон фирмите ќе биде редовен и недискриминирачки- ветува министерот за финасии. Најави повеќе пари и за пензионерите, средства и за субвенции. Ќе продолжат инвестициите во инфарсруктурата, здравството, одбраната гасификацијата. Клучна поента, вели Тевдовски, се и реални макроекономски фискални проекции, постепена финансиска консолидација.
Сузана Фиданска- Стоевска
