Во Гњилане и Пеќ запалени македонски знамиња
03.11.2017 10:17
Синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ, јавно беа запалени македонски знамиња, јави Српската државна телевизија...

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на членови на таканаречената „Кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ, јавно беа запалени македонски знамиња, јави Српската државна телевизија.
На протестите во двата града биле упатени повици, како што стои во информацијата, до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против направдата нанесена од Славомакедонците“.
