Барање за европска потерница за Пуџдемон
03.11.2017 10:22
„Доколку не биде в затвор, Пуџдемон може да учествува на предвремените избори во Шпанија“, изјавија властите од Мадрид...

Обвинителството на Шпанија бара издавање на европска потерница за апсење на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и за уште четворица министри кои останаа во Белгија, игнорирајќи ја судската покана од Мадрид.
Обвинети се за бунт, агитирање и проневера. Белгиското правосудство би имало рок од 60 дена да реши за евентуална екстрадиција на обвинетите.
„Доколку не биде в затвор, Пуџдемон може да учествува на предвремените избори во Шпанија“, изјавија властите од Мадрид, кои ја презедоа контролата врз Каталонија откако регионалната влада прогласи независност.
