Апелација ќе одлучува за „бомбите“ како доказ за „ТНТ“ и „Топлик“
Апелацискиот суд одлучи дека таканаречените бомби може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“, во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Скопска Апелација на две јавни седници ќе одлучува дали дел од прислушуваните материјали може да бидат доказ во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.
Според одбраната на обвинетите, тие не може да бидат доказ во постапката, бидејќи се стекнати на незаконски начин. Апелацискиот суд одлучи дека таканаречените бомби може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“, во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази и во предметот „Триста“ и за „Насилство во Центар“, во кој е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски, а се отфрлени за „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
