Кривичен суд

Пресуда за грабежот во НЛБ Банка

03.11.2017 10:32

Смилевски изјави дека останатите обвинети ненамерно ги вмешал во кривичното дело. Иако во целост ги признаа наводите од обвинителниот акт, обвинетите не кажаа што сториле со украдените пари.

Во Кривичниот суд ќе биде соопштена пресудата за првообвинетиот Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ Банка. Во завршните зборови тој го призна делото, кое рече дека не е сторено за имотна корист, туку дека бил во големи долгови за кои добивал закани и уцени.

Смилевски изјави дека останатите обвинети ненамерно ги вмешал во кривичното дело. Иако во целост ги признаа наводите од обвинителниот акт, обвинетите не кажаа што сториле со украдените пари.

Четворицата обвинети од трезорот на НЛБ Банка украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. Извршиле кражба и на 2 милиона швајцарски франци и 270 илјади евра.