Избришан Твитерот на Трамп

03.11.2017 11:27

Профилот на Трамп, кој е активен учесник на социјалните мрежи, го следат 41, 7 милиони посетители. Последните објави се однесуваат на нападот во Њујорк извршен од Исламска држава.

На последниот работен ден, вработено лице во компанијата Твитер, на шега го деактивираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп. Блокадата траеше 11 минути.

Профилот на Трамп, кој е активен учесник на социјалните мрежи, го следат 41, 7 милиони посетители. Последните објави се однесуваат на нападот во Њујорк извршен од Исламска држава.

И покрај проблемите со тероризмот на домашен терен, Трамп тргнува на десетдневна азиска турнеја која ги опфаќа Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Виетнам и Филипини.