Јилдирим планира посета на САД
03.11.2017 11:40
Односите меѓу двете земји-членки на НАТО се влошени поради разговорите за екстрадиција на имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за пуч.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим идната недела ќе оди во четиридневна посета на САД. Односите меѓу двете земји-членки на НАТО се влошени поради разговорите за екстрадиција на имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за пуч.
Турските власти старуваа чистка на сите негови соработници. Беше уапсен и службеник во американскиот конзулат во Истанбул, по што амбасадорот ја запре работата на одделенијата за издавање на визи, а Анкара возврати со слични мерки.
