Девет години затвор за првообвинетиот за милионскиот грабеж во НЛБ банка

03.11.2017 11:54

20 години и 10 месеци вкупна робија за тројца обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ Банка, за четвртиот условна. Првообвинетиот Бобан Смилевски заработи девет години и два месеца. Сѐ уште енигма каде се украдените пари...

Девет години и два месеца затвор за првообвинетиот Бобан Смилевски за милионскиот грабеж во НЛБ Банка. Одбраната ќе се жали, казната била превисока.

Второобвинетиот, Горан Смилевски доби шест и пол години исто така за затајување и тешка кражба. Борис Мичевски, третообвинет во случајот, доби пет години и два месеци, додека пак четвртообвинетиот доби условна казна.

Четворицата обвинети од трезорот на НЛБ Банка украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. Извршиле кражба и на 2 милиона швајцарски франци и 270 илјади евра.

Сѐ уште е енигма каде се украдените пари.