Случај „Диво насеље“: Доживотна робија за Сулејман Османи

03.11.2017 12:21

Сулејман Османи од село Брест една година беше недостапен за полицијата, па против него се водеше посебна постапка. На излегување од судницата порача дека оваа казна претставува казна за седум милиони Албанци и извика „да живее УЧК“...

Доживотна робија заработи обвинетиот Сулејман Османи, жител на Брест, за настаните во кумановската Дива населба. Пресудата ја дочека со аплауз. Една година беше недостапен за полицијата, па против него се водеше посебна постапка.

„Нема никакви докази дека обвинетиот извршил кривични дела тероризам и терористичка организација. Може да стане збор за кривично дело поседување оружје, не е спорно дека бил на местото на настанот, но нема кривично дело тероризам. Ако не е повреден цивил, а во овој случај напротив цивилите биле гостопримливи и ги повикале обвинетите, тогаш не постои тероризам“, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Вчера кривичен изрече седум доживотни, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни на обвинетите за тероризам во „Диво насеље“.Четворица беа ослободени.