Голема спасувачка операција на мигранти во Егејско Море
03.11.2017 12:30
Во операцијата учествуваат бродови на грчката крајбрежна стража, пристанишните власти, Фронтекс, еден хеликоптер и уште три бродови.

Во тек е голема акција за спасување мигранти во Егејско Море. Според грчки медиуми чамецот со кој патувале потонал.
Во операцијата учествуваат бродови на грчката крајбрежна стража, пристанишните власти, Фронтекс, еден хеликоптер и уште три бродови.
Спасени се осум мажи, четири жени и едно дете. Еден од преживеаните тврди дека во чамецот имало околу 25 луѓе.
