Локални избори 2017

БЕСА и Алијансата за Албанците ќе поднесат тужби до Управен суд

03.11.2017 12:36

Колку приговори до ДИК за текот на гласањето, толку тужби од Алијанса за Албанците и од БЕСА до Управниот суд. Комисијата ги отфрли сите приговори на Алијансата за Албанците, на БЕСА и на Народното движење за Македонија, за гласањето во Чаир, Струга, Тетово и во Чашка...

Откако ДИК им ги отфрли сите приговори, БЕСА и Алијансата во форма на тужби ќе ги поднесат до Управниот суд, најавија двете партии. БЕСА ќе поднесе 89 приговори, за Чаир и Тетово, додека Алијансата на Албанците 13 тужби за текот на изборите и сумирањето на резултатите во Струга.

Партиите имаа најмногу забелешки за агитирање на гласачките места, но и за групно гласање. Соочувањето на аргументите во најголем број од случаите во Државната изборна комисија се водеше меѓу преставниците на БЕСА и ДУИ.

Тече рокот од 24 часа во кој партиите може да поднесат тужби до Управниот суд на решенијата на ДИК. Управен, пак, во рок од 48 часа треба да донесе одлуки, кои се конечни.

Миле Ристески