Каталонија: Барање за европска потерница за Пуџдемон
Вкупно 20 каталонски политичари- Пуџдемон, 13 министри во неговата разрешена влада и шестмина членови на регионалниот Парламент, вчера беа повикани да се јават пред суд под обвинение за бунт и антидржавни активности. Од сите нив, само Пуџдемон и четворица министри, кои се наоѓаат во Белгија, не се појавија пред судот во Мадрид.

Адвокатот поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон изјави дека шпанскиот суд издал европски налог за апсење на неговиот клиент и за уште четворица министри, кои останаа во Белгија, игнорирајќи ја судската покана од Мадрид. Вкупно 20 каталонски политичари- Пуџдемон, 13 министри во неговата разрешена влада и шестмина членови на регионалниот Парламент, вчера беа повикани да се јават пред суд под обвинение за бунт и антидржавни активности. Од сите нив, само Пуџдемон и четворица министри, кои се наоѓаат во Белгија, не се појавија пред судот во Мадрид.
Пуџдемон доцна синоќа побара шпанските власти да ги ослободат од притвор осумтемина членови на неговиот кабинет. Во изјавата дадена во Белгија, тој ги повика каталонците да протестираат против шпанските власти „без насилство, мирно и со почитување на сите мислења“.
„Ова е шега од некој којшто избегал од конфликтот и бара вклучување на оние кои останаа овде. Од моја гледна точка, ако тој навистина ја сакашае Каталонија и сакаше да ѝ служи ќе беше овде и ќе одговореше на одлуката на судот“, изјави Мануел Куевас, сметководител.
„Лично мислам дека е лошо една влада да има политички затвореници бидејќи тоа не засега сите нас кои сакаме независност и може да влијае врз изборите во декември“, вели жител на Каталонија.
Белгиското правосудство би имало рок од 60 дена да реши за евентуална екстрадиција на обвинетите. Шпанските власти соопштија дека доколку не биде в затвор, Пуџдемон може да учествува на предвремените избори во Шпанија. Властите во Мадрид ја презедоа контролата врз Каталонија откако регионалната влада прогласи независност.
Белгиската министерка за енергетика и животна средина, Мари-Кристин Маргем, рече дека нема основа за одобрување азил на каталонскиот лидер. Евентуалното одобрување на азил ќе биде разгледувано на суд, доколку Пуџдемон поднесе барање.
Марина Ристова
