Саљији: Деновиве ќе се достави барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

03.11.2017 13:11

Министерот за правда Саљији потврди дека скопскиот Кривичен суд пред два дена ја комплетирал потребната документација...

Деновиве официјално ќе биде потпишано и ќе се достави барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија, изјави министерот за правда Саљији. Потврди дека скопскиот Кривичен суд пред два дена ја комплетирал потребната документација.

Грујевски и Бошкоски, се во екстрадициски притвор во Солун. Тие два пати беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за 1 декември поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.

Двајцата се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.