Се укинува Советот за јавни набавки

03.11.2017 13:16

Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.

Советот за јавни набавки згаснува, најави министерот за финансии Тевдовски. Од идната година нов Закон за набавка на јавни добра. Ќе се ревидира и критериумот на најниска цена.

Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.

Укинувањето, како што беше посочено, е од причина што со неговото воспоставување јавните набавки станале покомплицирани и дека се одвивале во подолг рок. Поддршка за реформите беа изразени од ЕУ и од невладиниот сектор.