ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на акцизата е вовед во инфлација
Според опозициската партија, ваквата мерка ќе донесе поскапување на сѐ, и ќе донесе инфлација.

Со покачувањето на акцизата на нафтата СДС удира директно по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ваквата мерка ќе донесе поскапување на сѐ, и ќе донесе инфлација.
„Ваквата мерка на владата на СДС ќе донесе низа покачувања на јавниот превоз, ќе донесе во такси превозот, на земјоделските намирници и култури и готовите производи. Но за жал ќе донесе до покачување на сите гранки поврзани со дистрибуцијата. Со еден збор поскапување на се и вовед во инфлација“, изјави Лазар Поповски на денешната прес-конференција.
Владата која секојдневно се задолжува со стотици милиони, владата која покачува акцизи на дизел гориво нема реализирано ниту еден проект во корист на граѓаните- велат од опозициската партија.
