МВР со детали за инцидентот пред Врховен суд

03.11.2017 14:20

Приведениот е 57 годишник од Арачиново, кај кого беа пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. Направено е вештачење. На себе имал петарди.

Министерството за внатрешни работи со детали за инцидентот пред Врховниот суд за време на изрекувањето на пресудите за „Диво насеље“.

Приведениот е 57 годишник од Арачиново, кај кого беа пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. Направено е вештачење. На себе имал петарди.

Со графолошко вештачење е утврдено дека тој е и автор на анонимно писмо со заканувачка содржина. Против арачиновецот ќе биде поднесена кривична пријава.