Иран: ЦИА шири лажни вести

03.11.2017 14:37

Иранските медиуми обвинија за селективно објавување на информации ...

Иран ја обвини Централната разузнавачка агенција за ширење на лажни вести за Исламска држава, алудирајќи на објавените материјали поврзани со нападот во Пакистан во кој беше ликвидиран лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен.

470 илјади документи од запленетиот компјутер во рацијата во засолништето во Аботабад во 2011 година, откриваат нова димензија на односите меѓу сунитите и шиитите.

Иранските медиуми обвинија за селективно објавување на информации со цел вршење на притисок врз официјален Техеран.