Заев за МТВ: Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите за челенство во ЕУ
Целосното интервју со премиерот Заев за членството во НАТО, за разговорите со Грција за името и за регионалната соработка ќе го емитуваме во Дневникот во 17 часот...

Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите за членство во Европската унија, вели во интервју за МТВ премиерот Заев. Во февруари и март ќе се финализира Планот 3-6-9 и ќе има конкретни резултати.
„Знаеме што сакаме, знаеме како тоа да го постигнеме, се надевам дека институциите во Македонија ќе бидат многу прецизни, пред се мислам на Парламентот, Владата нема многу дилеми, граѓанските организации немаат дилеми, имаме одлична кохабитација со претседателот на државата, Парламентот мора да го покаже својот капацитет, без било какви предрасуди или наметнувања од било која страна. Она што е важно за Македонија е да се дебатира до крај и одлуките да се носат- во тој правец јас сум убеден дека ќе се движиме ние многу сериозно“- вели премиерот Заев.
Премиерот во интервјуто додава- покрај најавата дека Србија и Црна Гора во 2025-та година ќе станат членки на ЕУ, прашањето е што правиме ние?! Заев смета дека во најмала рака, пораката мора да биде позитивна за сите и мотивирачка. Ние работиме и ние ќе бидеме членка на ЕУ- вели премиерот Заев.
Целото интервју со премиерот Зоран Заев гледајте го во првиот Дневник на МРТ1, во 17 часот.
