Дарко Димовски- единствен кандидат за претседател на ССМ

03.11.2017 15:22

Утврдениот предлог на Советот на ССМ е според спроведената постапка и критериумите, стои во дописот.

Сегашниот в.д. претседател на Сојузот на синдикати на Македонија е единствениот кандидат за нов лидер на ССМ на претстојниот вонреден конгрес најавен за 11-ти ноември.

Утврдениот предлог на Советот на ССМ е според спроведената постапка и критериумите, стои во дописот. Димовски беше поддржан од 12 грански синдикати и целосно ги исполнува потребните услови, заклучил Советот на ССМ.

Кандидатури поднесоа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски, но претседателството на ССМ утврди дека само Димовски ги исполнува условите за кандидатура.