Најголема соларна централа во светот

17.02.2014 16:42

Емисијата на СО2 ќе биде намалена за повеќе од 13,5 милиони тони за период од 30 години колку ќе функционира новата соларна централа Иванпа лоцирана во калифорниската пустина Мохаве.

Тоа е еквивалент на 2,1 милион возила да бидат тргнати од улиците . Инвеститори се компаниите НРГ Солар,Гугл и Брајтсорс кои во проектот вложија 2,2 милијарди САД долари .Иванпа зафаќа површина од 3500 акри пустинска земја  и годишно ќе произведува електрична енергија  доволна за потребите на 140 илјади семејства  .Најголемата соларна централа во светот има три термо кули околу кои се  инсталирани 173.500 огледала . Инсталираната моќност на Иванпа е 392 мегавата,а со неа ќе управува персонал од 86 лица.Проектот го реализираше  американскиот  концерн Бехтел  .

Свето Николовски