Обвиненија против 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села

03.11.2017 15:39

Од Обвинителството информираат дека обвинетите, сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села.

Скопското Јавно обвинителство до Кривичниот суд достави обвинителен акт против десет лица за сторено кривично дело обид за убиство на Зијадин Села. Од Обвинителството информираат дека обвинетите, сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села.

Дел од обвинетите користеле тврди предмети со кои му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат.

Надлежниот обвинител од судот побарал продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката куќен притвор.