Реформи во системот за јавни набавки
Советот за јавни набавки згаснува, најави министерот за финансии Тевдовски. Од идната година нов закон за набавка на јавни добра. Ќе се ревидира и критериумот на најниска цена...

Се укинува советот за јавни набавки, а в година ќе добиеме и нов закон според најдобрите европски практики, најави ресорниот министер Тевдовски. Причини за реформите се што набавките станале покомплицирани од потребното, а роковите биле се подолги. Според Тевдовски, бирократските процедури наместо да ги спречат можните злоупотреби довеле неретко и до блокирање на институциите.
„Реформата на ситемот за јавни набавки ќе биде еден од клучните приоритети на министерството за финансии во наредниот период. Реформата ќе вклучува изработка на нов современ закон за јавни набавки, кој што ќе се базира на евопските регулативи и на добрите меѓународни практики. А уште веднаш, поради претходно споменатите проблеми и препораките на Сигма, ние ќе предложиме укинување на Советот за јавни набавки“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
„Советот досега не ја исполни дадената задача и е еден кочничар во јавните набавки. Се очекува да се укине пред декември. На пет членови на Советоти им изминува мандатот и не планираме да продолжиме и да се доведеме да гласаме нови членови на Советот“, вели Ѓорѓи Ѓорѓиевски, директор на Бирото за јавни набавки.
Поддршка за реформи во системот за јавни набавки пристигнале и од ЕУ, невладиниот сектор, СИГМА, ОЕЦД, а Бирото веќе работи на новиот закон за јавни набавки. Се најавува серија јавни дебати и стандардна постапка за негово донесување во Собранието.
„Во извештаите за Македонија се содржани критики за јавните набавки кои се однесуваат на критериумите како негативната референца и најниската цена, воведувањето на Советот, како и корупцијата која се уште постои“, изјави Јаромир Левичек, Дделегација на ЕУ во Р. Македонија.
„Ќе бидат опфатени и електронските аукции кои би оделе во правец на нивна незадолжителност, туку опциона примена. Критериумот најниска цена најверојатно ќе биде предмет на промени, како и сериозно зголемување на надлежностите на Бирото за јавни набавки“, вели Анета Данева-Мострова, адвокат.
Презентирајќи примери кога на тендери било дозволено учество и на регистрирани и на нерегистрирани фирми, невладиниот сектор нагласува дека не се водела сметка за квалитетот на лековите и затоа биле постигнувани неверојатно ниски цени.
Свето Николовски
