Реформа во водоснабдувањето, ќе има нови цени
Ќе се прави реформа во водоснабдувањето. Ќе има и нови цени. Се прави пресметката...

До 15-ти месецов Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водоснабдување што од наредната година ќе мора да го применуваат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
Оттаму велат дека ги изготвиле сите неопходни подзаконски акти што овозможуваат да се регулираат цените на услугите во земјава. Во рамките на методолигијата бил утврден и процентот на прагот на достапност, соодветно на регионот каде што се доставува дејноста, а решенијата кои ќе бидат издадени се со минималната и максималната цена.
Одлуката за цената е на основачите на јавните комунални претпријатија, а тоа се советите и градоначалникот на општината, нагласи Петров и додаде дека само мал дел од претпријатијата ќе ја надминат максималната цена која ја одредила регулаторната комисија.
Целта е да им се помогне на јавните претпријатија во спроведувањето на Законот за утврдување на цени за водни услуги, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од 72 решенијата за јавните комунални претпријатија за утврдување на цената на водата, седум се однесуваат за претпријатијата за сурова вода, 29 се за снабдување за вода за пиење, 26 се за собирање и одведување отпадни води и 13 за пречистување на отпадните води.
Ана Јосифоска- Тодоровска
