Сообраќајот пo суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а прекин поради свлечиште има на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола кој се пренасочува преку градот, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а прекин поради свлечиште има на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола кој се пренасочува преку градот, информираат од АМСМ.
Препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Од АМСМ информираат дека поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.
