Масакр во црква во Тексас, идентификуван напаѓачот

06.11.2017 07:59

Според очевидци на инцидентот, напаѓачот истрелал повеќе од 30 куршуми од полуавтоматско оружје...

Напаѓачот кој уби најмалку 27 луѓе во Баптистичка црква во градот Садерленд Спрингс, Тексас, е белец на возраст од околу 20 години, јави телевизиската мрежа Еј-Би-Си.

Телевизијата повикувајќи се на полициски извори наведува дека е извршена прелиминарна идентификација на напаѓачот и е откриено дека тој неодамна се „пофалил“ на Фејсбук со пушка која наликува на АР-15.

Според очевидци на инцидентот, напаѓачот истрелал повеќе од 30 куршуми од полуавтоматско оружје.

Напаѓачот мирно влегол во црквата за време на неделната служба и почнал да пука, при што уби 27 лица, а десетина се повредени. Во инцидентот убиен е и напаѓачот.

Се уште не е познат мотивот за нападот.