Управен суд: Отфрлени тужбите на партиите за вториот круг од локалните избори

06.11.2017 10:06

Одбиени се сите тужби од партиите поднесени по вториот круг од локалните избори, одржани на 29-ти октомври...

Управниот суд ги одби се сите тужби од партиите поднесени по вториот круг од локалните избори, одржани на 29-ти октомври.

Од нив 11 тужби беа од Алијансата на Албанците, за гласањето во Струга, каде што победи Рамиз Мерко од ДУИ. Четири тужби беа од движењето БЕСА, а една од Народното движење за Македонија.