Завршни зборови за „Тврдина 2“

06.11.2017 10:10

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс началникот на Петтата управа, Горан Грујевски...

Завршни зборови во случајот „Тврдина 2“ во скопскиот Кривичен суд. Специјалните обвинители и одбраната ќе говорат за случајот со уништување на службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс началникот на Петтата управа, Горан Грујевски со уште шест службеници во Управата за државна безбедност и контаразузнавање.