Пуџдемон условно ослободен

06.11.2017 11:31

Според наредбата, обвинетите каталонски лидери нема да смеат да ја напуштат Белгија и ќе мора да се јавуваат во судот во наредните две недели.

Белгија условно го ослободи разрешениот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и четворицата поранешни министри кои вчера и се предадоа на полицијата.

Според наредбата, обвинетите каталонски лидери нема да смеат да ја напуштат Белгија и ќе мора да се јавуваат во судот во наредните две недели.

Шпанија пред три дена издаде европски налог против Пуџдемон по што се очекува Белгија во рок од 60 дена да ги екстрадира обвинетите, кои Шпанија ги бара за предизвикување бунт по прогласувањето независност на Каталонија.