Саудиска Арабија
Во хеликоптерска несреќа загина принцот Мансур Бин Мугрин
06.11.2017 12:19
Во хеликоптерот се наоѓале уште седуммина високи саудиски претставници.

Во пад на хеликоптер на југот на Саудиска Арабија загина принцот Мансур Бин Мугрин, заменик гувернер на областа Асир и советник на сменетиот престолонаследник Мохамед Бин Најефа.
Во хеликоптерот се наоѓале уште седуммина високи саудиски претставници. Несреќата се случила во момент кога Саудиска Арабија ја тресат апсења на принцови и официјални лица кои се неистомисленици на сегашниот престолонасленик Мохамед Бин Салман.
Причините за падот за сега се непознати.
