Најмалку 49 жртви од тајфунот Дамри во Виетнам

06.11.2017 12:33

Над 23.000 домови биле уништени, а потопени се 10 бродови и 1.300 рибарски бродчиња.

Во поплавите предизвикани од тајфунот Дамри, што во саботата погоди делови на Виетнам, според последните податоци, загинале најмалку 49 лица, а 27 се водат како исчезнати. Над 23.000 домови биле уништени, а потопени се 10 бродови и 1.300 рибарски бродчиња.

Бурата може да влијае и на организирањето на Самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), на која треба да присуствуваат и претсдателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.