Зголемен бројот на констатирани случаи на повредени човекови слободи и права

06.11.2017 12:51

Народниот правобранител Иџет Мемети се осврна на условите во затворите, на оневозможувањето право на глас на изборите.

Извештај на Народниот правобранител за 2016-та година во македонскиот законодавен дом. За четири проценти е зголемен бројот на констатирани случаи на повредени човекови слободи и права. Народниот правобранител Иџет Мемети се осврна на условите во затворите, на оневозможувањето право на глас на изборите.

„Полициско, непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затвоорската полиција кон осудени лица и отсуство на здравствена заштита во казнено-управниците установи, недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците, необезбедени средства за исплата на права од социјална помош, повреда на право на вработување на лица со попреченост, незаконско депортирање бегалци, противзаконско утвтрдување на наплата на РТВ такса, вода и други комуналии, противуставно оданочување на граѓаните, како и непрофесионалност во изборните органи“, наведе Мемети, забележеувајќи дека меѓу останатото, во 2016-та година продолжила неказнивоста на полициските службеници, како и декларативното подобрување на условите во затворите.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димовски, посочи- мМмети не кажа ништо ново. Пратениците не го усвоија извештајот, поточно предлог мерките предложени во него.