Во сообраќајка загина Зоран Стефаноски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

06.11.2017 12:57

Како што информираат од полицијата, Стефаноски управувајќи возило „Рено меган“ со прилепски регистарски таблици излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булевар „Александар Македонски“ и булевар „Никола Карев“.

Во сообраќајна несреќа што се случила во утринските часови во Скопје, загина Зоран Стефаноски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Како што информираат од полицијата, Стефаноски управувајќи возило „Рено меган“ со прилепски регистарски таблици излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булевар „Александар Македонски“ и булевар „Никола Карев“.

Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде што подлегнал на повредите.