Матео Ренци ќе ја формира новата влада

17.02.2014 16:52

Италијанскиот претседател Наполитано го задолжи Матео Ренци, градоначалникот на Фиренца, да ја формира новата влада. 39-годишниот мандатар, најмладиот премиер на Италија, вети радикални реформи за поттикнување на економијата и отворање нови работни места.

Во февруари уставната реформа и изборниот закон, во март реформа на пазарот за труд, реформа на јавната администрација во април и фискална реформа во мај. изјави Матео Ренци, мандатар за премиер на Италија

Преговорите за владата ќе почнат утре, а Ренци ќе ја даде заклетвата в четврток.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо го поздрави позитивниот развој на политичкиот дијалог во Украина насочен кон решавање на социјално-политичката криза. Ослободувањето на опозициските активисти и евакуацијата на седиштето на градските власти ги оцени како важни чекори кон изнаоѓање политичко решение за ситуацијата во земјата.

Американска тинејџерка се соочува со смртна казна. 19-годишната Миранда Барбур е обвинета за убиство на еден човек, а на полицијата и признала дека убила најмалку 22-ца, по што престанала да брои.

-„Рече дека убивала и претходно. Ја прашав колкумина. Рече : „ помалку од 100“, рече Френсис Скарела, новинар

Заедно со сопругот биле дел од сатанистички култ и убивале низ целата земја, како што велат, за да ја исчисти од зли луѓе. Биле откриени по убиството на човек кој одговорил на лажен оглас.

Марина Автовска