Двосменско работење во Град Скопје
Во општината ќе биде воведен и едношалтерски систем, ќе има промена и во системот на автобуските билети за ЈСП.

Град Скопје ќе почне со двосменско рабoтење од 7:30 до 19:30 часот, најави градоначалникот Шилегов. Во општината ќе биде воведен и едношалтерски систем, ќе има промена и во системот на автобуските билети за ЈСП.
Работиме интензивно веќе на подготвување на реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности кои се врзани и со градската адиминстрација да ги извршуваат и на шалтерите на централната власт и на скопските општини со цел услугите кои ги дава Град Скопје да бидат транспаренти, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин, рече Шилегов. Додаде дека ова е едно од изборните ветувања.
По 15-ти ноември, градот ќе ја претстави програмата против загадувањето.
