Вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на труд

06.11.2017 15:28

Лицата со хендикеп имаат вештини и образование за работни места во македонските компании. Треба да се надминат стереотипните размислувања, да се тргнат бариерите и да им се даде шансата да се докажат. Стопанската комора на Македонија и здружението „Полио плус“ во обука на македонските компании. Формиран е центар за подготовка на вработување на лицата со хендикеп и нивно вклучување во пазарот на трудот...

Компаниите не се доволно информирани дека лицата со хендикеп имаат вештини и способности за многу работни места, а не само во заштитните друштва, констатираат од Стопанската комора на Македонија и од здружението „Полио плус“. За да се променат состојбите, формиран е Центар за подготовка за вработување на лицата со хендикеп за нивно поголемо вклучување во пазарот на трудот. Се вршат обуки со фирмите по региони. Напорите даваат резултати.

Нема точна бројка колку лица со хендикеп бараат работа, иако во Агенцијаа се споменуваат 2 500. Има многу бирократски бариери и стереотипни размислувања. Компаниите покажуваат интерес.

Ова е трета од вклупно четирите обуки на Комората со македонските компании. Проектот е финансиран од Европската комисија.

 

Елизабета Митреска