ЗОИ 2014, Сочи, хокеј на мраз (жени)

Американките ја чекаат Канада

17.02.2014 17:00

Селекцијата на САД е првиот финалист на женскиот хокејарски турнир...

Шведска беше далеку од повторување на подвигот од пред осум години во Торино, кога направи сензација токму во полуфиналната фаза и ги остави Американките без меч за злато. Овој пат убедливи 6-1 за фаворитките, коишто имаа посилен тренинг, а сите голови ги постигнаа различни хокејарки.

Карпентер, Белами и Кесел беа стрелци за 3-0 по првиот период, Моник Ламору и Боузек погодија за да биде 5-0 по вториот. Во завршниот прво Борквист го даде почесниот гол за Швеѓанките, а потоа Декер ги постави конечните 6-1 за Соединетите Американски Држави, селекцијата којашто е запишана во историјата како прв шампион во Нагано 1998, кога женскиот хокеј влезе во олимписката програма.