Доделени стипендиите „Борис Трајковски“
Нема поисплатлива инвестиција од онаа во образованието. На Македонија ѝ се потребни иновативни и креативни луѓе- порача претседателот Иванов на доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“. Најдоброрангираните од пријавените на конкурсот, своето знаење ќе го надградуваат на „Сити колеџот“ во Солун при Шефилд универзитетот од Велика Британија.

Деветнаесет студенти од земјава на постдипломски студии за бизнис- администрација во Солун на престижниот универзитет Шефилд. Претседателот Иванов ги додели стипендиите „Борис Трајковски“. Шефот на државава вели, нема поисплатлива инвестиција од вложувањето во образованието. Убеден е оти стипендистите се идните македонски претприемачи и менаџери.
Министерката за образование Дескоска рече дека новата Влада ќе продолжи да ги доделува стипендиите, бидејќи искуствата од нив се позитивни.
Според директорот на Сити колеџот, програмата за постдипломски студии е наменета за менаџери и професионалци кои сакаат да ги подобрат лидерските сопсобности.
Досега вакви стипендии добија повеќе од 200 луѓе во Македонија, дел од нив се на важни водечки позиции.
Андријана Атанасовска
