Бугарската Влада ќе гласа за ратификација на Договорот за добрососедство со Македонија

07.11.2017 10:22

Владата на Бугарија денеска треба да гласа за предлогот за ратификација на Договорот за добрососедство со Македонија во бугарското Народно собрание.

Бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека се очекува Договорот за добрососедство да биде ратификуван во Народното собрание на Бугарија до крајот на неделава.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, договорот го потпишаа на први август во Скопје, а официјално ќе стапи во сила кога ќе го ратификуваат парламентите на двете земји.

Со Договорот се предвидува унапредување на севкупната соработка, а меѓу другото и формирање комисија за историско- образовни прашања на паритетна основа која треба да придонесе за објективно и засновано на докази научно толкување на историските настани поврзани со двете земји.